HomeАктуелноПрепораки за заштита од високите температури

Препораки за заштита од високите температури

– Да се останува повеќе во затворени простории, да се носи светла и лесна облека, да се внесуваат големи количества течности и при влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри, ова се дел од препораките за заштита на здравјето на Министерството за здравство поради високите температури што деновиве ја зафатија територијата на државата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од Министерството апелираат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита на здравјето, а особено да внимаваат и да преземаат соодветни мерки за заштита од УВ зрачењето.

– Доколку УВ индексот е повисок од 8, задолжително да се користи крема со заштитен фактор и капа, како и да се внимава движењето надвор да биде во сенка. УВ зрачењето и топлината се најсилни во периодот помеѓу 10 и 14 часот и се препорачува во тој период да биде што е можно помала изложеноста на сонце. Воедно, посетителите на плажа треба да имаат предвид дека белиот песок и другите светли површини рефлектираат УВ зрачење и може двојно да ја зголемат изложеноста на зрачењето, се наведува во соопштението од МЗ.

Општите препораки за заштита на здравјето на кои апелираат од Министерството за здравство се:

– Во текот на екстремно топли денови, да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка;

– Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце заштитни очила и капа. За сончање да се користи крема со висок заштитен фактор; и

– Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. Воедно, да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.

Дополнуваат дека поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката, а ако тоа не се направи така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиусови и пред употребата истата да се загрее на + 100 степени.

Се препорачува да се избегнуваат производи кои не се термички обработени, а на хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.