Времето утре ќе биде претежно облачно, со појава на слаб локален дожд во повеќе делови од земјава. Наместа ќе има услови и за ретки грмежи, особено во попладневните часови.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој најизразен ќе биде долж Повардарието, каде се очекуваат повремени засилувања.
Според најавите од Управа за хидрометеоролошки работи, од викендот па сè до средината на следната седмица следува стабилизација на времето. Под влијание на поле на висок воздушен притисок се очекува претежно сончево и суво време.
Во петок ќе продолжи да дува умерен северен ветер, додека во деновите потоа ветерот ќе го смени правецот и ќе биде слаб до умерен од југоисток.
Дневната температура утре ќе достигне до 10 степени, а во деновите што следуваат се очекува постепен пораст.
