HomeАктуелноПретреси на подрачјето на СВР Штип, приведени седум лица

Претреси на подрачјето на СВР Штип, приведени седум лица

МВР информира дека во текот на вчерашниот ден СВР Штип, согласно оперативниот план „Безбедно лето  2022“, презело низа мерки и активности во областа на недозволената трговија со дрога, при што од слобода биле лишени М.М.(30), Ж.М.(21), Н.Т.(18), Г.С.(19), С.Г.(18), Д.А.(19) и Ф.Т.(19).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

-При извршени прегледи, претреси на домови и патнички возила кај нив била пронајдена марихуана, како и остатоци од други наркотични дроги и прекурсори, известуваат од МВР.Истиот ден, при извршена контрола во Казнено – поправниот дом Затвор Штип била пронајдена и одземена прашкаста материја. При контрола на угостителски објект затекнати биле седум малолетници по 24.00 часот и тие биле предадени на родителите.

-По комплетирање на случаите против лицата од страна на СВР Штип ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.