HomeАктуелноПретрес во Скопје, запленета дрога вредна 20.000 евра, приведен дилер

Претрес во Скопје, запленета дрога вредна 20.000 евра, приведен дилер

Денеска (31.08.2023) полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом кај Д.Ц. (38) во с. Добри дол, општина Сопиште.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При претресот пронајдени се четири кеси со околу четири килограми марихуана, вредна околу 20.000 евра. Д.Ц. е лишен од слобода и задржан во полициска станица и против него по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка, информираа од МВР.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.