HomeАктуелноПретрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер

Денеска (01.09.2023) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршија  претрес во  дом на Д.Д. (32) од Скопје. При претресот се пронајдени 30 кесички со марихуана и 6 кесички со бела прашкаста материја, како и поголема количина на пари.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и против него, по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка до надлежното обвинителство, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.