Во присуство на политичари, лица од општествениот живот, амбасадори и други гости , во Собранието почпна инаугирацијата на претседателката Гордана Силјановска- Давкова.
Време е за единство, порача претседателката Силјановска- Давкова, која рече дека им се обраќа пред сѐ на жените. Среќна сум што првите честитки дојдоа од Дорис Пак ,.од моите колешки од сите континенти. Роденденот го поминав со американската амбасадорка Аџелер, рече Силјановска и додаде дека овој говор им го посветува на жените.
Професорката по Устано право на Правниот факултет и актуелна претседателка на Македонија, за време на положувањето на заклетвата не го употреби зборот „Северна“ за името на Мекедонија.
Проф.др. Силјановска Давкова е шестиот претседател на Македонија и прва жена која е избрана на оваа позиција.
-Бидејќи ние умееме да се грижиме не само за себе, туку пред се за сите останати…За жал, жените ги нема многу во политиката. Среќна сум што ќе инспирирам други жени. Ако можам да бидам јас претседателка, можете и вие. На Балканот е се уште жив патријархатот, а силните жени може на поинаков начин да ги решаваат проблемите, цврсто верувам во тоа. Многу храбри жени и умни жени сум видела во овој Парламент, но се чудев зошто ги нема на највисоки позиции. И еве, се случи и тоа. Јас ќе го пробивам патот, ама овде – и од десно, и лево, и среде, гледам многу умни, многу посветени жени кои ќе ги носам во умот и во срцето, истакна новоизбраната претседателка.
Посочи и дека самата не можела да замисли ваква доверба со гласови од над 560 илјади граѓани и дека се уште не може да верува во тоа, а дека единствен човек кој тврдел дека тоа ќе се случи, рече, бил Христијан Мицкоски, кој ја уверувал дека „тоа ќе се случи кога ќе има хармонија меѓу математиката и емоциите“.
