HomeАктуелноПриведени двајца струмичани, украле марихуана од плантажа за производство на медицински канабис

Приведени двајца струмичани, украле марихуана од плантажа за производство на медицински канабис

На 14.11.2023 кај место викано „Сушичко стопанство”, на магистралниот пат Ново Село-Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишија од слобода А.А.(33) и Р.Џ.(33), двајцата од Струмица.
Тие се сомничат дека истиот ден извршиле тешка кражба во плантажи за производство на медицински канабис во атар на село Сушица, струмичко. Кај лицата е пронајдена вреќа во која имало украдени стебла марихуана.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, лицата се задржани во Полициската станица Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.