Од СВР Охрид информираат дека на 10.08.2022 година во 04 часот, во СВР Охрид приведен е Б.И.(31) од струшкото село Велешта. При преглед извршен на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници кај него пронајдоа и одзедоа остар предмет. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.08.2022 година во 01.30 часот, при преглед врз Е.Ш.(42) од Охрид,извршен на улицата „Кузман Капидан“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа остар предмет.
Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
