HomeАктуелноПриведени две лица по распишани централни потерници, за издржување на затворски казни

Приведени две лица по распишани централни потерници, за издржување на затворски казни

На 04.07.2023 од полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Одделението за криминалистички работи Гази Баба во 20.00 часот на ул.„Бутелска” бил лишен од слобода А.А.(41) од Скопје, а во 21.35 часот на ул.„Индира Ганди” бил лишен од слобода С.А.(44) од Скопје. За нив биле распишани централни потерници по наредби од Основниот кривичен суд – Скопје, според кои А.А. се барал за издржување на казна затвор од една година и 8 месеци за сторени кривични дела по чл.236 и чл.206 од Кривичниот законик, а С.А. за казна затвор од 2 години за сторено кривично дело по чл.235 од Кривичниот законик. Двете лица биле предаден на надлежната казнено – поправна установа за издржување на казните.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.