HomeАктуелноПриведени дрвокрадци од Неготино

Приведени дрвокрадци од Неготино

На 13.09.2023 околу 23.50 часот на место викано „Чардак” на подрачје на Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност ги лишиле од слобода А.А.(23) и Р.Д.(29), двајцата од Неготино.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При преглед во патничко возило „опел” кое го управувал А.А. и патничко возило „крајслер” кое го управувал Р.Д., двете без регистарски таблички, биле пронајдени и одземени огревни дрва без документација. Дрвата и возилата биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.