HomeАктуелноПриведено лице кое управувал возило со 2,16 промили алкохол

Приведено лице кое управувал возило со 2,16 промили алкохол

На 14.04.2025 во 00.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.С.(38) од Кавадарци. На улица „Страшо Пинџур” во Кавадарци, тој со патничко возило „бмв” со кавадаречки регистарски ознаки не застанал на знак за запирање, но по преземени мерки, бил запрен од страна на полициските службеници, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,16 промили алкохол во крвта. Д.С. бил задржан во полициска станица, а возилото било привремено одземено.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А  од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило” , додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.