HomeАктуелноПриведено лице од кичевско, превезувал огревни дрва без документација

Приведено лице од кичевско, превезувал огревни дрва без документација

На 18.07.2023 околу 13.00 часот на улица „Илинденска” во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 60-годишниот В.П. од кичевско Тајмиште.
Тој со товарно моторно возило „фап” со охридски регистарски ознаки превезувал огревни дрва без потребните документи. В.П. е задржан за документирање на случајот, додека возилото со потврда му е одземено за натамошна постапка и ќе следува соодветна пријава.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.