Малолетник од Кавадарци вчера бил приведен од полициски службеници откако украл паричник на 56-годишна жена. Паричникот бил пронајден и вратен на сопственичката.
Вчера, во 14.00 часот, во Кавадарци, полициски службеници лишиле од слобода малолетник од градот. Тој се сомничи дека околу 12.15 часот во слаткарница во Кавадарци одзел паричник од кавадарчанката Б.Т.(56). Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а со малолетникот, во полициска станица, во присуство на родител и адвокат за малолетници, бил извршен службен разговор, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
