HomeАктуелноПриведен крадец, осуден на двегодишна затворска казна

Приведен крадец, осуден на двегодишна затворска казна

На 31.03.2023 во 20.55 часот на бул.”Трета македонска бригада” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(43) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор од две години за сторено кривично дело “кражба” по  член 235 од Кривичниот законик.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Лицето било спроведено во надлежната казнено-поправна установа за  издржување на казната, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.