HomeАктуелноПриведен криумчар на мигранти за издржување на шестгодишна затворска казна

Приведен криумчар на мигранти за издржување на шестгодишна затворска казна

На 06.11.2023 околу 23.30 часот на место викано ,,Ветерско” во Велес, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишиле од слобода Ќ.Н.(36) од с.Сингелиќ, скопско. Тој  бил баран со три централни  и две меѓународни потерници за издржување казна затвор од шест години за сторени повеќе кривични дела ,,криумчарење мигранти” по член 418 од Кривичниот законик.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Лицето било предадено во СВР Велес, по што било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.