HomeАктуелноПриведен криумчар на мигранти, пронајдени девет лица од Сирија

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени девет лица од Сирија

Денеска (06.11.2023) околу 17.00 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Р.А.(50) од Скопје. Лицето било забележано како во товарно возило „форд” со скопски регистарски ознаки превезува мигранти. Набргу, возилото било запрено и во него биле пронајдени девет лица мигранти од Сирија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Р.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.