HomeАктуелноПриведен криумчар од Скопје, пронајдени 10 лица мигранти

Приведен криумчар од Скопје, пронајдени 10 лица мигранти

На 07.08.2023 во 15.55 часот на автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце”, пред село Табановце, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода Б.Ц.(35) од Скопје. При преглед во возилото „фолксваген пасат” со скопски регистарски ознаки, биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија, меѓу кои тројца малолетници. За настанот бил известен јавен обвинител, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Табановце. Б.Ц. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.