HomeАктуелноПриведен криумчар, пронајдени 28 мигранти од Сирија

Приведен криумчар, пронајдени 28 мигранти од Сирија

На 08.09.2023 во 19.00 часот на автопатот А1, на наплатна рампа „Демир Капија” во правец Гевгелија-Скопје, од полициски службеници од Полициска станица Богородица при Регионален центар за Гранични работи Југ е лишен од слобода Р.К.(32) од Струмица. Во товарно моторно возило „мерцедес спринтер” со кочански регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 28 лица мигранти од Сирија кои ги превезувал.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За настанот е известен Јавен обвинител, а лицата мигранти се сместени во Центар за странци Гази Баба Скопје и ПТЦ Винојуг Гевгелија за понатамошна постапка. Р.К. е предаден на полициски службеници од Полициска станица Неготино и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти” казниво по чл. 418 б од Кривичниот законик, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.