HomeАктуелноПриведен кумановец за кражба

Приведен кумановец за кражба

Полициски службеници од СВР Куманово, вчера го привеле  С.Р.(27) од Куманово поради сомнение за кражба.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што известија од Министерството за внатрешни работи, лицето се сомничи дека на 22 месецов, од приватен имот на улица „Живко Чало“ во Куманово одзел повеќе предмети, додека на 23 истиот месец бил затекнат при обид да изврши кражба од куќа на улицата „30 Јули“ во Куманово.

МВР потврди дека одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а осомничениот бил задржан во полициска станица и во службен разговор ги признал делата, со што по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.