На 19.11.2023 година во 10.55 часот, на улицата „Коста Абраш” во Охрид, приведен е Н.Р.(42) од Охрид. При претходно извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа и одзедоа две опаковки со бела прашкаста материја како и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.
