HomeАктуелноПриведен 27-годишен скопјанец, одзел предмети и туби со нафта од фирма

Приведен 27-годишен скопјанец, одзел предмети и туби со нафта од фирма

Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода вчера попладне, во 18 часот, го лишиле од слобода Е.С.(27) од Скопје. Како што соопшти МВР, Е.С. се сомничи дека на 22 август 2022 одзел повеќе предмети и туби со нафта од фирма во Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Кај него биле пронајдени одземените  предмети и биле вратени на сопственикот. Во службен разговор во полициска станица Е.С. го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.