На 23.07.2023 година во 04 часот, во угостителски објект на булевар „Железничка” во Охрид, приведен е Л.В.(28) од Скопје.
При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа кокаин. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
