HomeАктуелноПриведен 38-годишен маж, поради предизвикување пожар во Брезница

Приведен 38-годишен маж, поради предизвикување пожар во Брезница

Полицијата приведе 38-годишен маж од Македонски Брод постапувајќи по пријава дека вчера (5 септември) околу 10:00 часот предизвикал пожар во село Брезница.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– На 05.09.2026 полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода М.Т.(38) од Македонски Брод, постапувајќи по пријава дека на 05.09.2026 околу 10:00 часот предизвикал пожар во с.Брезница, Македонски Брод, така што од искрење на бензински тример за косење, во близина на неговата куќа во с.Брезница, настанал пожар кој се проширил кон соседните имоти – соопшти МВР.

Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа од ЈП „Национални шуми“ и локалното население. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.