HomeАктуелноПрипадник на косовските безбедносни сили пукал кон двете деца во Косово

Припадник на косовските безбедносни сили пукал кон двете деца во Косово

Косовската полиција синоќа соопшти дека е уапсен 33-годишен маж, осомничен дека пукал и повредил две деца во близина на Штрпце.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Министерството за одбрана на Косово соопшти дека приведениот е припадник на косовските безбедносни сили.

Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија вчера соопшти дека од возило во движење е пукано врз две момчиња (11 и 21 година), при што едниот е застрелан во рака, а другиот во рамо. Тие се хоспитализирани во Грачаница.

Од Канцеларијата за КиМ тврдат дека, иако неколку очевидци ја виделе регистрацијата на возилото од кое се пукало, но локалната полиција го пропуштило в озилото со осомничените. Поради инцидентот Србите од Косово го блокираа регионалниот пат Штрпце – Урошевац.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.