HomeАктуелноПријавите на граѓани кои биле нападнати од куче скитник не престануваат

Пријавите на граѓани кои биле нападнати од куче скитник не престануваат

Не престануваат пријавите на граѓани дека биле нападнати или каснати од куче скитник.

На 23.02.2023 во СВР Битола, З.П.(67) од Битола пријави дека на ул„25 Мај“ во Битола бил каснат од куче скитник, информираат од министерството за внатрешни работи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 23.02.2023, Р.Џ(48) од Кичево во полициска станица пријавила дека на улица „Исеин Акиоски“ во Кичево нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. Истиот ден, Г.К.(48) од кичевското село Другово пријави дека на локален пат во селото бил каснат од куче скитник, се вели во полицискиот билтен.

Истиот ден во 12.30 часот во СВР Куманово, П.П.(21) од Куманово пријавил дека на булевар „Октомвриска револуција“ бил каснат од куче скитник.

МВР билтенот е само еден показател дека секојдневното напаѓање на кучиња скитници на наши сограѓани и понатаму продолжуваат, по случајот во Струга која ја потресе македонската јавност чести напади има и во Скопје, Куманово, Тетово, Кичево и Битола.

По сите пријави и плаќање на оштети на граѓани кои се терет на општините се поставува прашањето зошто институциите и понатаму остануваат во молк за решавање на ова прашање?

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.