HomeАктуелноПродолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е – 73 – Еве каква е состојбата со склучени бракови и евидентирани разводи!

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е – 73 – Еве каква е состојбата со склучени бракови и евидентирани разводи!

И оваа година Охрид ја започна со негативен природен прираст.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според ПОДАТОЦИТЕ на Државниот завод за статистика во месеците јануари, февруари и март се родиле 88, а починале 161 лица (од кои едно доенче), односно се бележи прираст од -73.

И соседната Општина Дебрца бележи негативен прираст, се родиле 9, а починале 17 лица. Струга пак во првите три месеци од годинава бележи позитивен прираст, се родиле 140, а починале 120 лица.

Што се однесува до бројот на склучени бракови, во Охрид судбоносното „да“ го кажале 43 двојки, а имало 16 разводи. Во Струга во анализираниот период се склучиле дури 109 бракови, а евидентирани се 8 разводи. Во Дебрца не се евидентирани склучени бракови и разводи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.