HomeАктуелноПромена на временската прогноза, синоптичарите најавуваат обилни врнежи од дожд

Промена на временската прогноза, синоптичарите најавуваат обилни врнежи од дожд

Во следните денови по одделни котлини ќе има појава на утринска магла или ниска облачност. Утре кон крајот на денот најпрвин во западните делови и во среда, преку денот наместа ќе има повремени врнежи од дожд кои понекаде ќе продолжат и во ноќта кон четврток. Утринската температура до среда ќе биде во постепен пораст, а потоа во благо опаѓање.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Прогноза за 22.11.2023
Минимална температура: 5°C до 9°C
Максимална температура: 10°C до 14°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој кон крајот на денот ќе засилува.

Прогноза за 23.11.2023
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 8°C до 13°C

Променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 24.11.2023
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 9°C до 15°C

Претпладне по котлините со магла или ниска облачност. Во текот на денот променливо облачно со слаб ветер од југозападен правец.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.