HomeАктуелноПроменливо облачно со слаб до умерен ветер, попладне се очекува пороен дожд проследен со грмежи

Променливо облачно со слаб до умерен ветер, попладне се очекува пороен дожд проследен со грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Попладне, како и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје променливо облачно, доцна попладне, а особено во текот на ноќта со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во наредните денови ќе биде променливо облачно и посвежо на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 l/m² за кратко време), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и град, особено во вторник врнежите ќе бидат пообилни, а температурата ќе биде значително пониска.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.