HomeАктуелноПронајдени кинеските државјани кои се загубиле кај Матка во добра здравствена состојба

Пронајдени кинеските државјани кои се загубиле кај Матка во добра здравствена состојба

Вчера (30.07.2023) во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во пределот на кањон Матка се изгубиле две лица, државјани на Народна Република Кина. Полициски службеници од Полициското одделение Сарај излегле на местото и со брза интервенција и преземени  активности за кусо време лицата биле пронајдени во околината на манастирот „Св.Никола Шишевски“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Двете лица (машко и женско) биле во релативно добра здравствена состојба, но со знаци на дехидрираност и замор, по што безбедно биле симнати во с.Долна Матка, каде што од страна на екипа од Итната медицинска помош им била укажана лекарска помош, а потоа биле однесени до местото каде престојуваат во Скопје, соопштува МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.