HomeАктуелноПронајдени шорцеви налик на оние кои ги носел Мартин на денот на исчезнувањето | ФОТО

Пронајдени шорцеви налик на оние кои ги носел Мартин на денот на исчезнувањето | ФОТО

Тринаесет денови како трае потрагата по исчезнатиот Мартин Јовановски во водите на Егејското море во Грција. Вчера на плажа во Катерини се пронајдени шорцеви кои наликуваат на оние на Мартин, кој за последен пат ги носел на плажата во Посиди, на денот на исчезнувањето.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Информацијата за идентификација на костим за капење кој наликуваше на исчезнатото лице нè донесе на бреговите на Катерини. Пристигнавме на самото место и со помош на спасувачкиот тим Пиерија – ДОП, кој ни го даде чамецот, ја пребаравме областа до делтата Аксиос, но залудно, објави шефот на спасувачката мисија ОФКАТ, Христос Рамос.

Рамос потенцира дека потрагата на спасувачите била ориентирана кон Коринос, Пидна, Аликес Китроу до устието на Аксиос покрај морето.

Мартин на 9-ти јули со двајца пријатели исчезна во водата на плажата Посиди, кога ги однеле силните струи. Едниот беше извлечен по неколку часа, а другиот пронајден по 20 часа потрага. Потрагата по Мартин сè уште е во тек.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.