Протеинска кремаста пилешка салата
Кога ти треба сендвиче за вечера или ручек за малку поинтересен оброк. Ние направивме малку поголема количина со варено пилешко што ми беше за некоја друга намена ама испадна салаткава, па моравме да ја споделам тука како идеја зошто е превкусна.
Дефинитивно пробајте си ја или пак зачувајте си ја за нареден meal prep зошто ептен ќе ви се најде.
10/10 Пилешка кикиритки салата:
• 500 гр. пилешки гради (варени) 1/2 сир кикиритки** 1/2 cup ситно сецкани кисели краставички (околу 5-6 големи кисели краставички) 2 канчиња Грчки јогурт (околу 300 гр.) • 1 лажичка сенф • сол и бибер сецкан магдонос за декорација и свежина ** јас ги потпеков кикиритките претходно во рерна на 160° околу 12 минути. Екстра чекор ама дава многу убав вкус. Само измешајте ги сите состојки во голем длабок сад се додека не се соединат и не се добие кремаста салата. Пробајте па адаптирајте со зачини ако има потреба. Може да стои во фрижидер до 4 дена.
Уживајте! ВИДЕО
