HomeАктуелноПукање и апсење на прилепскиот пазар I ФОТО    

Пукање и апсење на прилепскиот пазар I ФОТО    

Попладнево апсење и пукање пред градскиот пазар во Прилеп, пренесува порталот маркукуле.мк.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според информации на порталот, комуналните инспектори при општина Прилеп интервенирале на отстранување дива тезга, сопственикот на тезгата според очевидци се обидел да ги прегазе со комбе.

На тоа интервенирал полициски службеник кој испукал неколку кypшyми во гумите на возилото со цел да го спречи разбеснетиот возач. Очевидци велат дека полицискиот службеник бил принуден да интервенира на ваков начин со цел да се спречи поголема тpaгедиja.

Лицето потоа било совладено од полициските службеници и приведено. Повеќе детали очекуваме од СВР Битола во текот на денот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.