HomeАктуелноРаботна средба на ЦУК со претставници од САД во насока на „Регионален систем за рано предупредување на Балканот“

Работна средба на ЦУК со претставници од САД во насока на „Регионален систем за рано предупредување на Балканот“

 

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Денеска (28.02.2023 година), во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа и се реализираше финалниот дел од дводневната работна средба со високи претставници од Шумската служба и Центарот за катастрофи на Пацификот од Соединетите Американски Држави при што, покрај ЦУК, учествуваа и повеќе претставници на субјектите од Системот за управување со кризи (СУК) од Република Северна Македонија. Работната средба со американските претставници на дел од кризниот менаџмент на САД, ја отвори директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, којшто го истакна значењето за заедничкото залагањето, со нашите пријатели од САД, за поголема безбедност при ризици и катастрофи и на ниво на нашиот Регион, согласно проектот „Регионален систем за рано предупредување на Балканот“, што е главен дел од темите за посовремен кризен менаџмент на дводневните работни средби во ЦУК.

На овој значаен дводневен работен настан во ЦУК, од областа на кризниот менаџмент, учествуваа претставници од: Шумската служба и Центарот за катастрофи на Пацификот од САД, ЦУК, ДЗС, Управата за хирометеоролошки работи, Агенцијата за катастар на недвижности, Државниот завод за статистика, Геолошкиот завод и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.

Во текот на дводневните работни средби, претставниците од САД се запознаа со функционирањето и со надлежностите на Центарот за управување со кризи, а и на Дирекцијата за заштита и спасување, како и на другите институции од Системот за управување со кризи што земаа учество во средбите. Истовремено беа презентирани, а потоа и активно елаборирани низ дискусија и одговор на прашања Капацитетите за рано предупредување, подготвеност и превенција од катастрофи од страна на повеќето учесници во работната средба.

Главен дел на денешната финална работна средба беше презентацијата на Апликацијата за мониторинг на ризици и опасности, рано предупредување и поддршка при донесување одлуки (Disaster AWARE) и презентација на проектот „Регионален систем за рано предупредување на Балканот“, проект што го елаборираа претставниците на САД. На делот од работните средби денеска, насловен како „Тркалезна маса“ сите присутни претставници кусо ги претставија своите институции што се дел од Системот за управување со кризи и при дискусијата разменуваа мислења и искуства за подобрување на соработката во државата и со државите на Балканот, а со тоа и пошироко, како дел од глобалниот систем за управување со кризи.

Инаку, на работните средби во ЦУК на претставниците на дел од институциите од СУК и на Тимот од САД, покрај директорот Стојанче Ангелов и заменик директорот Екрем Зендели, заедно со тимот професионалци од повеќе сектори на ЦУК, беше присутен и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Беким Максути.

 

фото: ЦУК

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.