HomeАктуелноРадев следните денови треба да распише предвремени избори во Бугарија

Радев следните денови треба да распише предвремени избори во Бугарија

Претставниците на Бугарската социјалистичка партија (БСП) денеска му го вратија на претседателот Румен Радев третиот и последен мандат за формирање влада.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тоа го направија откако ја одбија поканата да седнат и да разговараат за евентуално создавање парламентарно мнозинство, па Радев во рок од 72 часа да го одреди датумот на вонредните избори.

„ Владејачката коалиција ја остава преодната влада со енергетска криза која може да предизвика колапс на економијата и социјалниот систем“, рече Радев и додаде дека ова е „најуништувачкото наследство што владата го остава зад себе“ пренесе сајтот бугарско радио bnr.bg

Бугарија повторно се соочува со предвремени избори.

Ова се четврти парламентарни избори во последните две години. Претседателот Румен Радев мора да соопшти кога ќе го распушти парламентот и ќе назначи привремен кабинет. Оваа одлука зависи од тоа кога ќе се одржат изборите – како опции се наведени 2, 9 или 16 октомври.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.