Ден „Д“ за најдобрата репрезентација на Македонија на 28 Светски ракометен шампионат во Полска и Шведска.
Добрата игра во одбрана и намалениот број на технички грешки во нападаот вечерва ќе бидат клучни за посакуваниот триумф.
Подмладениот тим на Македонија предводен од Манасков, Талески, Кузмановски, вечерва ќе биде пред испитот на зрелост бидејќи поразите во првите два меча беа очекувани но јавноста очекува триумф на дуелот против солидната Аргентина, успех кој беше најавен уште пред стартот на Мундијалот.
