HomeАктуелноРасте бројот на жртвите во земјотресот: Над 600 загинати во Мароко [ВИДЕО]

Расте бројот на жртвите во земјотресот: Над 600 загинати во Мароко [ВИДЕО]

Бројот на загинати се искачи на повеќе од 600 загинати и повеќе од 300 повредени во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мароко во петокот вечерта.Аула, повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи. Педесет и едно лице се во критична состојба.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Претходно беше објавено дека најмногу штети и смртни случаи има во тешко достапните планински области, а најмалку 153 лица се повредени и пренесени на лекување во болници.

Земјотресот се случи во планинскиот венец Висок Атлас во Мароко, нешто по 23 часот по локално време, на релативно мала длабочина од 18,5 километри, со епицентар на 72 километри југозападно од Маракеш.

https://twitter.com/M_Arif61/status/1700355689032593626?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1700355689032593626%7Ctwgr%5E1c956a4ac49674745dca77a6bb40a05733a17b40%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fcentar.mk%2Fblog%2F2023%2F09%2F09%2Fraste-brojot-na-zhrtvite-vo-zemjotresot-nad-600-zaginati-vo-maroko-video%2F

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со прелиминарна јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, а потресите траеле неколку секунди.

Американската агенција извести за последователен потрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала 19 минути подоцна.

Епицентарот на земјотресот во петокот бил во близина на градот Игил во провинцијата Ал Хоуз, на околу 70 километри јужно од Маракеш.

УСГС соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 18 километри под површината на Земјата, додека сеизмичката агенција на Мароко проценила дека епицентарот бил на длабочина од 8 километри. Во двата случаи, ваквите плитки земјотреси се поопасни.

Локалните медиуми објавија дека патиштата што водат до планинскиот регион околу епицентарот на земјотресот се заглавени со возила и блокирани од урнати карпи, што ги забавува спасувачките напори.

Неколку згради се урнаа по земјотресот југозападно од градот Маракеш, покажаа снимки објавени од државната телевизија Ал-Аула.

 

Според државната телевизија Ал Аула, земјотресот оштетил делови од историските ѕидини на Маракеш од 12 век.

Илјадници луѓе ги напуштија своите домови и станбени згради откако Националниот институт за геофизика во земјата предупреди за последователни потреси.

Министерството за внатрешни работи на Мароко денеска го повика населението да остане смирено и „да не паничи“.

Во обраќањето за државните медиуми, Рашид Ал-Калфи, претставник на Министерството, рече дека владата веќе ги активирала сите расположливи ресурси за да ги санира последиците од оваа трагедија.

Земјотресот бил почувствуван и во главниот град Рабат, на околу 350 километри северно од планинскиот венец Висок Атлас, и до Португалија и Алжир, соопштија португалските и алжирските агенции за итни случаи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.