HomeАктуелноРаст од 20,4 проценти во патничкиот патен превоз, најмногу во меѓународниот

Раст од 20,4 проценти во патничкиот патен превоз, најмногу во меѓународниот

Вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз  во вториот квартал  годинава изнесува 11 467 000 и во однос на истиот период лани е зголемен за 20,4  проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 10,8  проценти, во приградскиот превоз за 29,4 проценти, во меѓуградскиот за 58,7 проценти, а во меѓународниот превоз за 62,6 проценти.

Во второто тримесечје од 2022 година, во однос на истиот период од 2021 година, вкупниот број на патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 41 процент.

Статистичките податоци покажуваат дека според видот на превозот, за 14,9 проценти е зголемен бројот на патничките километри во градскиот превоз, во приградскиот за 30,9 проценти, во меѓуградскиот за 52 проценти, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 43,9  проценти.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.