HomeАктуелноРасчистена тешка кражба во Кавадарци, приведени две лица

Расчистена тешка кражба во Кавадарци, приведени две лица

На 01.09.2023 во Кавадарци, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи  Кавадарци ги лишиле од слобода С.М.(37) од Кавадарци и А.А.(37) од Неготино. При претрес во домот на С.М., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени шест лап топ компјутери, делови за компјутер и друга компјутерска опрема за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба” сторено на 28.08.2023 во Здружени на граѓани на ул.„Браќа Хаџи Тефови” во Кавадарци. 

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Додека, кај А.А. бил пронајден еден лап топ компјутер за кој, исто така, постои сомнение дека потекнува од истото кривично дело и дека го купил од С.М..  Пронајденото ќе биде вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава, информраат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.