HomeАктуелноРеакциите во јавноста не престануваат, спорен прашалник во учебник за средношколци по Животни вештини

Реакциите во јавноста не престануваат, спорен прашалник во учебник за средношколци по Животни вештини

Што сметате дека ја предизвика вашата хетеросексуалност? И дали е можно тоа да е само фаза којашто ќе ја надминете? А ако хетеросексуалноста е нормална, тогаш зошто толку многу хетеросексуалци се лица со ментални нарушувања?

Ова се само дел од прашањата на кои средношколците треба да одговорат во работните листови како дел од наставната програма за „Образование за животни вештини“. Во ваквиот прашаник кој е одобрен од Бирото за оразование и развој во 2011 година, дури се тврди дека најголемиот број лица што злоставуваат деца се хетеросексуалци, врските и браковите помеѓу маж и жена се окарактеризирани како нестабилни и често подложни на прељуби и разводи… а за хетереосекусалците се тврди и дека се промискуитетни?

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Докторот Александар Митов денеска на својот Фејсбук профил објави учебник со кој ја шокираше јавноста.

Имено, тој укажува оти во учебник по предметот „Образование за животни вештини“ наменет за средношколци има делови од учебникот кои се многу несоодветни за нивната возраст и со кои на некој начин се усмеруваат младите кон хомосексуалност.

„- Прашања од УЧЕБНИКОТ ЗА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ:

  • Доколку не сте имале сексуален однос со припадник на вашиот пол, дали е, сепак, можно да сте хомосексуалец/ка?
  • Ако хетеросексуалноста е нормална, тогаш зошто толку многу хетеросексуалци се лица со ментални нарушувања??????

ШТО СЕ СЛУЧУВА ЛУЃЕ!?

Министре Шаќири, во ред ли е ова според тебе? Ова ли се вредностите на ДУИ? (за СДСМ не ни прашувам) Е само овој учебник да е, а не е само ова, мора да паднат од власт, нема друго решение. Просто се решени да тераат агенди спротивно на волјата на 90% од населението“ – напиша Митов на Фејсбук.

ФБ СТАТУС

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.