HomeАктуелноРегистриран земјотрес од 6,4 степени, има и повредени

Регистриран земјотрес од 6,4 степени, има и повредени

Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во јужниот дел на Тајван, при што полесно се повредени 27 луѓе и оштетени се повеќе објекти.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Помеѓу повредените се и шест лица, меѓу кои едно бебе, кои беа спасени од под урнатините на една куќа во округот Нанкси.

Епицентарот на земјотресот бил во градот Дапу, округ Чијаји, на длабочина од 9,7 километри.

По силниот земјотрес уследиле повеќе секундарни потреси.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.