На 19/20.03.2022 година во периодот од 22 до 03 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведена е контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.
Притоа, кај 16 возачи (Охрид-09, Струга-03, Кичево-02, Дебар-02) утврдено е дека управувале моторно возило под дејство на алкохол. Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Полициските службеници во Охрид регистрирале и санкционирале 15 возачи кои со своите возила извршиле непрописно престигнување, додава Димоски.
