HomeАктуелноСвета великомаченичка Ирина – симбол на верата, храброста и истрајноста

Света великомаченичка Ирина – симбол на верата, храброста и истрајноста

Православните христијани денес го одбележуваат споменот на Света великомаченичка Ирина, една од најпочитуваните ранохристијански маченички, која со својата вера и страдања оставила длабока трага во христијанството.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Света Ирина живеела во апостолските времиња на Балканот, во градот Магедон, каде што нејзиниот татко Ликиниј бил владетел. Родена како незнабошка под името Пенелопа, таа уште во младоста се запознала со христијанската вера преку својот учител Апелијан. Подоцна била крстена од Свети Тимотеј, ученикот на апостолот Павле, кој ѝ ги донел и Посланијата на апостолот за да ги чита и изучува.

Откако се откажала од мажачка и јавно ја прифатила христијанската вера, го разгневила својот татко, кој сакал да ја подложи на маки. Според преданието, таа чудесно го обратила во христијанство. Потоа, Света Ирина била изложена на страшни измачувања од повеќе владетели, но секогаш била спасувана со Божја помош.

Била фрлана во јами со змии и скорпии, врзувана за тркала и изложувана на најсурови казни, но останувала неповредена. Нејзината непоколеблива вера довела до преобраќање на голем број незнабошци во христијанство. Во градот Калипол, царот Нумеријан ја фрлил во усвитени метални волови, а во Константин била ставена врз вжештени решетки, но и тогаш останала жива.

Според житието, во градот Месемврија била убиена по наредба на царот Савориј, но Бог повторно ја оживеал, по што многумина поверувале во Христовата вера. Се смета дека преку нејзините страдања и проповеди околу сто илјади луѓе ја примиле христијанската вера.

На крајот од својот живот, Света Ирина сама легнала во гроб и му наредила на Апелијан да го затвори. Кога по четири дена гробот бил отворен, нејзиното тело не било пронајдено, што верниците го сметаат за Божјо прославување на светителката.
Денешниот ден верниците го поминуваат во молитва и спомен на Света великомаченичка Ирина, која останува симбол на верата, жртвата и духовната сила.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.