HomeАктуелноСвета Петка – Што да внесете во домот за среќа и благослов на денот

Света Петка – Што да внесете во домот за среќа и благослов на денот

Денот посветен на големата заштитничка на жените, болните и сиромашните носи силни народни верувања и обичаи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Денес православните верници го одбележуваат празникот Света Петка, ден кој во народното предание се смета за исклучително моќен кога станува збор за заштита на домот, здравјето и семејната среќа.

Според старите обичаи, токму на овој ден треба да се внесе благослов во куќата, но и да се исфрли сè што носи немир и несреќа.

Верувањето вели дека утрото треба да започне со молитва уште пред првиот залак или каква било работа. Се препорачува верниците да донесат свеќи од црква и да ги запалат во домот, оставајќи ги да догоруваат во различни простории како симбол на духовна светлина и заштита.

Се смета дека овој гест го чисти просторот од негативна енергија и привлекува хармонија во семејството.

Друг стар и важен обичај е украсувањето на домот со свежо цвеќе, кое ја симболизира радоста, мирот и обновата.

Но, какво цвеќе треба да внесете денес во домот? Во народната традиција, со Света Петка особено се поврзуваат невенот, хризантемата и белиот крин -цветови кои се сметаат за носители на чистота, духовна заштита и здравје.

Невенот, со својата златна боја, се верува дека привлекува благосостојба и топлина во семејството; хризантемата е симбол на долговечност и мир, а белиот крин на божја милост и чистота на срцето, секако преку застапништвото на Света Петка.

Од друга страна во народната традиција постојат и строги забрани кои, според преданието, не треба да се прекршуваат на денот на Света Петка.

Не се препорачува тешка физичка работа – перење, чистење, метење, градинарски работи или преместување мебел.

Се смета дека тие активности „ја растеруваат“ среќата и го нарушуваат духовниот мир. Исто така, не се прават ниту рачни работи како шиење, плетење или месење.

На овој ден, велат старите, домот треба да биде исполнет со светлина, мир и благослов, а сè што носи немир, кавга или тежина, симболично или буквално, треба да се отстрани. Така, верниците веруваат дека ќе обезбедат година полна со здравје, љубов, семејна хармонија и заштита од светицата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.