Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков со поддршка за лицата со мултипла склероза. Во Република Македонија живеат повеќе од 1500 лица со оваа болест, а секоја година се дијагностицираат околу 90 – 120 нови лица. Повеќето лица се дијагностицираат на возраст од 20 до 40 години, односно во најпродуктивните години од животот, вели во објавата на феjсбук профилот Пецаков.
Во знак на поддршка на повеќе од 1500 лица во Македонија, кои се соочуваат со оваа хронична болест се вклучив во кампањата на Светскиот ден на МС, инспириран од симболот на знаковен јазик за зборот „заедно“, MS Heart, кој е симбол на солидарност за сите погодени од мултипла склероза, напиша Пецаков.
Симптоми на мултипла склероза: заматен вид, двојни слики, слабост и отежнато движење, нарушување на рамнотежата и вртоглавица, проблеми со говор и голтање, когнитивни и емотивни нарушувања и многу други.
