HomeАктуелноСВР БИЛТЕН: Се истепале двајца охриѓани, интервенција имала и медицинската помош

СВР БИЛТЕН: Се истепале двајца охриѓани, интервенција имала и медицинската помош

На 24.11.2023 во 23 часот, на улицата „Партизанска” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Т.(59) и И.Д.(43), двајцата од Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Притоа, Н.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Истиот ден, на 24.11.2023 година во 15 часот, на улицата „Партизанска” во Охрид, приведен е Б.С.(39) од Охрид.

Тој, претходно бил агресивен кон полициските службеници кои, вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на СВР Охрид.

 

 

Е.Р
 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.