HomeАктуелноСВР БИЛТЕН: Физички напад, кривични за охриѓанец и струмичанец

СВР БИЛТЕН: Физички напад, кривични за охриѓанец и струмичанец

Физички нападнат охриѓанец од три лица.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 16.01.2023 година во 15.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на булеварот „Туристичка“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Б.Х. од Струга заедно со уште две лица, врз 42 годишен охриѓанец.  По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 65 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
Тој на 10.12.2022 година, на улицата „Кленоец“ во Охрид, со метален предмет нападнал свој сограѓанин, вели Димоски.
СВР Охрид до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против З.П.(56) од Струмица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Тој на 24.06.2022 година на текст од портал објавен на социјалната мрежа Фејсбук, објавил коментар со недолична содржина, со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство, додава потпаролот Димоски.
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.