HomeАктуелноСВР Охрид презема полициска акција со цел санкционирење на лицата организатори на борби со кучиња

СВР Охрид презема полициска акција со цел санкционирење на лицата организатори на борби со кучиња

СВР Охрид, презема интензивни контроли на целото подрачје на Охрид, Струга, Кичево и Дебар, со цел санкционирање на лица организатори на борби со кучиња или други слични активности, што се во спротивност со Законот за заштита и благосостојба на животните.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според Законот за заштита и благосостојба на животните, забранета е вклученост, поттикнување, организирање, рекламирање, одржување и обложување на борби со животни, за какви било намени, велат од СВР Охрид.

Во текот на октомври 2023 година, извршен е разговор со Б.А.(45) од кичевското село Зајас, поради сомнение дека организирал настан со кучиња  во атарот на кичевското село Букојчани. Известен е надлежен јавен обвинител и  против организаторот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инаку, во СВР Охрид досега нема официјално доставена пријава за борба со кучиња, но апелираме до граѓаните доколку забележат ваква појава, да пријават во најблиската полициска станицa, додаваат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.