HomeАктуелноСВР Охрид со информација за трагедијата на Галичица во која две лица го изгубија животот

СВР Охрид со информација за трагедијата на Галичица во која две лица го изгубија животот

На 17.06.2024 околу 13.00 часот во провалија покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници со помош од параглајдеристи пронашле патничко возило „фолксваген голф” со ресенски регистарски ознаки и во негова близина биле пронајдени две починати лица.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, а полициски службеници констатирале дека се работи за М.Х.(59) и М.Х.(56), двајцата од Ресен, за кои на 16.06.2024 во 22.00 часот нивниот син пријавил дека се оддалечиле од домот со возилото. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.