HomeАктуелноСВР Охрид со полни раце работа: Пронајдена марихуанa, нарушување јавен ред и мир,семејно насилство

СВР Охрид со полни раце работа: Пронајдена марихуанa, нарушување јавен ред и мир,семејно насилство

На 26.06.2022 година во 02.10 часот, во угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен е Х.Н.(25) од Охрид. При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 25.06.2022 година во 18.35 часот во СВР Охрид, А.М.(20) од селото Горенци, општина Дебарца, пријави дека на улицата „7 Ноември“ во Охрид бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информира потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На 25.06.2022 година во 00.25 часот, во СВР Охрид лишен е од слобода Д.Т.(38) од Охрид. Тој  претходно во семејниот дом физички го нападнал малолетниот син, упатил закани кон сопругата и оштетил дел од покуќнината.Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На 25.06.2022 година во 18.20 часот во СВР Охрид лишен е од слобода И.К.(56) од Охрид кој претходно, во семјниот дом во Охрид, физички ги нападнал сопругата и нивната ќерка. Против него ќе биде поднесена
соодветна пријава, информира потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.