HomeАктуелноСВР Охрид со превентивни кампањи за заштита од пожари и превенција од кражби на плажа

СВР Охрид со превентивни кампањи за заштита од пожари и превенција од кражби на плажа

Во рамките на превентивниот проект „Безбедно лето 2022“, СВР Охрид, вчера, 27-ми јули 2022 година, на патот Охрид-Св. Наум, со кракот кон планината Галичица и Отешево, ја реализираа превентивната кампања „Заштити се од пожари на отворен простор“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
 Притоа, претставници од Одделението за превенција и од Националниот парк „Галичица“ на граѓаните кои се движеа на тој потег им укажаа на опасностите и последиците од пожари и на потребата од безбедно движење и престој во планинскиот појас, на потребата од преземање мерки за заштита од пожари, а ги потсетија и на казнените одредби за непридржување кон законските обврски и им поделија летоци и друг едукативен материјал со практични совети за заштита од пожари на отворен простор.

– Како дел од превентивниот проект „Безбедно лето“, беше реализирана и кампањата „Заштити се од кражби на плажа“. Притоа, на повеќе плажи на охридското крајбрежје беа остварени разговори со туристите и им беше укажано на потребата од поголема внимателност и заштита на паричниците и другите вредни лични предмети кои ги носат на плажа или ги оставаат во паркираните возила. Полициските службеници поделија и летоци со едукативна содржина и практични мерки за поголема заштита од кражби на плажи, информираат од СВР Охрид. 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.